На почетокот од оваа недела, новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале му врачи отказ на Паоло Малдини, одлука која ги изненади навивачите, но и добар дел од фудбалерите.
Во разговор со Ил Џорнале, Карло Анчелоти го критикуваше овој потег, смета дека Гери Кардинале не покажал почит кон историјата на „росонерите“ и го предупреди дека таквите како него се осудени на пропаст.
„Во Мадрид, научив дека секогаш мора да имате почит кон историјата“ – вели Дон Карло.
„Тука, Ди Стефано, Амансио, Хенто и Пушкаш се ексклузивни вредности кои и ден денес се почитуваат. Она што му се случи на Малдини е доказ за немање на почит кон историјата и традицијата. Точно е дека историјата не ви носи победи, но историјата ве учи како да победувате“.
„Фудбалските клубови кои приоритет му даваат на бизнисот а не на спортскиот аспект се осудени на пропаст“.