сабота, 19 октомври 2024
Смета дека нема почит кон историјата и традицијата на „росонерите“

Анчелоти го нападна газдата на Милан по отказот на Малдини: Таквите како тебе се осудени на пропаст

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот од оваа недела, новиот сопственик на Милан, Гери Кардинале му врачи отказ на Паоло Малдини, одлука која ги изненади навивачите, но и добар дел од фудбалерите.

Во разговор со Ил Џорнале, Карло Анчелоти го критикуваше овој потег, смета дека Гери Кардинале не покажал почит кон историјата на „росонерите“ и го предупреди дека таквите како него се осудени на пропаст.

„Во Мадрид, научив дека секогаш мора да имате почит кон историјата“ – вели Дон Карло.

„Тука, Ди Стефано, Амансио, Хенто и Пушкаш се ексклузивни вредности кои и ден денес се почитуваат. Она што му се случи на Малдини е доказ за немање на почит кон историјата и традицијата. Точно е дека историјата не ви носи победи, но историјата ве учи како да победувате“.

„Фудбалските клубови кои приоритет му даваат на бизнисот а не на спортскиот аспект се осудени на пропаст“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ