четврток, 7 ноември 2024
Прес-конференција на Беса

Амети: ДУИ како во „груевизмот“ пренамени земјиште за да се подигне крстот на Шапка

„Лагата има кратки нозе. ДУИ и неговите партнери го поставија крстот на Попова Шапка и се обидоа да го насочат овој потег кон Движењето Беса. Но, тоа не успеа, затоа што со документи е докажано како ДУИ во соработка со Православната црква, сегашниот имот на црквата, од државно пасиште, го пренамени на градежното земјиште, по што беше изграден крстот“, изјави портпаролката на Беса, Љуљзиме Амети покажувајќи документи. Таа рече дека власта и ДУИ прават само злосторства со народот со манипулации, дезинформации и поигрување со етничките и религиозните чувства на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката нагласи дека „груевистичките антицивилизациски и антиевропски политики” продолжуваат со ДУИ, која партија, додаде, промовира меѓурелигиозна и меѓуетничка омраза.

„Тоа продолжува и сега. Вчера беше поставен уште еден гигантски крст – во Куманово. Но, ДУИ и Владата молчат! Зошто? Затоа што во Куманово тие го немаат Биљал Касами за да го обвинат за постапките што ги прават самите, но имаат градоначалник кој им е партнер, заедно владеат и градат заеднички политики.

Ова е визија на ДУИ, ова е партијата која тврди дека е европска, но сепак не може да се оддалечи од соработката со Никола Груевски, со кого десет години, изгради само меморијали на Цар Душан и крстови во секое место, во секој град и планина.

Како движење Беса, ние не сме против религиозни симболи и против различни вери, но ние сме против манипулацијата со граѓаните во име на верски култови и верба во Бога, со цел да се промовираат аомраза и конфликти, како што ДУИ тоа го прави со децении“, рече Амети.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ