вторник, 22 октомври 2024

Американските вредности се загрозени од расизмот

Објавено на

часот

Сподели

Во вчерашното обраќање на првата голема прослава по повод Џунтинт во Белата куќа, концерт на кој настапуваа пејачките Џенифер Хадсон, Аудра Мекдоналд и Ледиси, Бајден ги повика Американците да ја изберат љубовта наместо омразата и да ја паметат историјата, а не да ја бришат, пренесува Ројтерс.

„Како што нѐ потсетуваат изминатите неколку години, нашите слободи се загрозени од расизмот, кој сè уште е премногу моќна сила“, рече американскиот претседател.

Тој рече дека Џунтинт, како федерален празник, треба да вдахне нов живот во основните американски вредности. Бајден го прогласи 19-ти јуни или Џунтинт, чие име доаѓа од комбинирањето на зборовите „јуни“ и „деветнаесетти“, за федерален празник во 2021 година. Овој празник го одбележува денот кога на последните робови во Америка им било кажано дека се слободни во 1865 година во Галвстон, Тексас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ