Минатиот четврток, американските и британските трупи извршија три ракетни напади насочени кон областа Ал Салиф.
Минатата среда беа извршени два напади врз Ал Тухаџат и ракетирана е областа Ал Џабана, западно од градот, според јеменската телевизија.
Хутите вршат напади врз бродови во водите на Јемен од ноември, во знак на солидарност со Палестинците во конфликтот со израелските сили во Појасот Газа.
Централната команда на САД објави дека „ќе продолжи да работи со партнерите за да ги повика Хутите на одговорност и да ја намали нивната воена способност“.
Операциите на Хутите го попречија глобалниот транспорт, принудувајќи ги компаниите да се пренасочат кон подолги и поскапи рути низ Јужна Африка.