вторник, 22 октомври 2024

Американскиот Сенат претстави договор: 118 милијарди долари за зголемување на безбедноста на границата и помош за Израел и Украина

Американскиот Сенат претстави договор вреден 118 милијарди долари со кој би се зголемила безбедноста на границата и би им се пружила помош на Израел и Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Сенаторите Крис Марфи, Џејмс Ленкфорд и Кирстен Синема го објавија предлог законот со кој би се зголемила безбедноста на границата со пружање повеќе помош на Украина, Израел и Тајван. Ако се усвои двопартискиот компромис, би бил прво големо ажурирање на американскиот миграциски систем од 1990-те.

Предлогот би можел да биде најдобрата шанса за претседателот Џо Бајден повторно да ѝ испрати воена помош на Украина – што е главната цел на надворешната полтика која ја делат и главниот демократ во Сенатот, сенаторот Чак Шумер, и највисокиот републиканец, сенаторот Мич Меконел.

Бајден и лидерите на демократите и републиканците во Сенатот настојуваат повторно да ја снабдат Украина за војната против Русија, но се соочуваат со отпорот на конзервативните републиканци кои инсистираат на мерки за борбата против нелегалната миграција на границата со Мексико.

Со нацрт законот објавен вчера би се обезбедиле 60 милијарди долари помош за Украина, чии напори да се потиснат руските сили се ослабени од прекинот на американските испораки на муниција.

Со договорот би се обезбедиле и 14,1 милијарда долари воена помош за Израел, околу 2,44 милијарди наменети се за решавање на прашањето на безбедноста во Црвено Море, каде јеменските бунтовници Хути вршат напади на комерцијални бродови поврзани со Израел, додека 4,83 милијарди долари се предвидени за поддршка на азиските сојузници во екот на тензиите меѓу Кина и Тајван.

Според договорот, претседателот би добил нови овластувања веднаш да ги протера мигрантите ако властите се пренатрупани со барања за азил.

Се очекува нелегалната миграција да биде клучното прашање за време на претседателските избори во ноември, а републиканскиот кандидат Доналд Трамп веќе води кампања со тврдења за инвазија на јужната граница.

Бајден во неделата го повика Конгресот „брзо да го усвои“ договорот за да може да го потпише и претвори во закон.

„Постигнавме договор за двопартиски договор за националната безбедност кој го вклучува и најтешкиот и најправеден збир гранични реформи со децении“, изјави Бајден.

И покрај поддршката од лидерите на демократите, законот се соочува со неизвесни изгледи и во Сенатот и во Претставничкиот дом, каде републиканците имаат мнозинство.

Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, кажа дека договорот во Сенатот „ќе биде мртов штом стигне“ до долниот дом кој го контролираат републиканците.

„Овој нацрт е полош од што очекувавме и катастрофата на границата која ја создаде претседателот нема да се приближи до решавање“, кажа Џонсон.

Предлог законот би можел да наиде на отпор на некои демократи поради пружањето поголема воена помош на Израел, кој е под сè поголем меѓународен притисок поради хуманитарната криза во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ