вторник, 22 октомври 2024

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Рускиот суд денеска осуди американски војник на три години и девет месеци казна во затворска колонија под обвинение за кражба и закана со убиство, јави државната новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Наредникот Гордон Блек беше уапсен во мај и обвинет дека украл 10.000 рубли (околу 104 евра) од својата девојка во Владивосток за време на посетата на Русија во април и дека станал насилен за време на расправија.

Американскиот војник се изјасни за невин по обвинението за закана за убиство, но делумно се изјасни за виновен за кражбата. Блек ќе поднесе жалба на казната изречена од судот во Владивосток, изјави денеска неговиот адвокат, пренесе Си-ен-ен.

Блек во понеделникот пред окружниот суд изјави дека ги зел парите од чантата на жената, но следниот ден ѝ префрлил 125 долари. Според неговите зборови, парите ги потрошил на храна и три ноќевања во хотел. Тој додал дека дотичната требало да подигне депозит од 10.000 рубли од станодавецот по завршувањето на закупот на станот што го плаќал.

Оштетената во понеделникот зборуваше пред судот, велејќи дека материјалната штета не ѝ е надоместена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ