петок, 25 октомври 2024

Американски војник им оддавал тајни на Кинезите за војната во Украина и за Тајван

Припадник на американската војска е уапсен и обвинет за продавање чувствителни воени тајни на контакти во Кина, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поручникот Кробин Шулц бил уапсен вчера во Форт Кембел во Кентаки по истрага на ФБИ и контраразузнавачката служба на американската војска. Шулц работел како аналитичар во воено-разузнавачката агенција.

Според обвиненијата, му биле платени 42.000 долари во замена за десетици чувствителни безбедносни документи. Властите тврдат дека дејствата почнале во јуни 2022 и продолжиле сè до неговото апсење.

Поручникот Шулц е уапсен за заговор за откривање информации за националната одбрана, изнесување технички податоци во врска со одбраната без дозвола и поткупување јавен службеник.

„Однесувањето наведено во денешното обвинение претставува тешко предавство на заклетвата дека ќе ја браниме нашата земја“, кажа Лариса Нап од одделот на ФБИ за национална безбедност. „Наместо да ги чува информациите за националната одбрана, обвинетиот бил во заговор со странски државјанин да ги продаде, потенцијално загрозувајќи ја нашата национална безбедност“, кажа таа.

Некои од информациите кои наводно ги дал се однесувале на хиперсонично оружје, студии за идниот развој на американските воени сили и документ за воената готовност на Кина.

Во документите на министерството за правосудство за наплата не се наведува кинеската влада како вплеткана во шемата ниту се идентификува контактот кој му платил.

Во обвинението се наведува дека добил упатства на контакт-лицето да му пренесе „изворни и ексклузивни документи“. Разузнавачките податоци кои ги дал вклучуваат информации поврзани за војната во Украина и „операбилноста на чувствителните воени системи и нивната способност“. Исто така проследил информации за американските планови во врска со Тајван во случај да биде нападнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ