вторник, 22 октомври 2024

Американските сили: Уништивме три пловни објекти на Хутите во Црвено Море

Американските сили уништија три беспилотни површински пловни објекти на Хутите поддржани од Иран во последните 24 часа, соопшти американската Централна команда (Центком).

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, Хутите лансираа три противбродски балистички ракети кон цели во Аденскиот залив, но нема повредени или пријавено значителна штета од американски, коалициски или трговски бродови, се вели во соопштението на Центком, пренесува Ројтерс.

Централната команда на американската војска ги отфрли неодамнешните тврдења на Хутите за успешен напад врз американскиот носач на авиони Двајт Ајзенхауер како „ноторни лаги“.

Нападите на милитантната група Хути во Црвеното Море и Аденскиот Залив започнаа во ноември минатата година и ја нарушија глобалната трговија, групата изјави дека ги извршува нападите во знак на солидарност со Палестинците во војната со Израел во Појасот Газа.

Многу големи бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите на Хутите и испраќаат бродови што пловат меѓу Азија и Европа на многу подолг пат околу јужна Африка, што доведе до зголемување на транспортните трошоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ