вторник, 22 октомври 2024

Американски ловец Ф-16 се урна во близина на Јужна Кореја, трет инцидент за една година

Американски борбен авион Ф-16 се урна во морето во близина на Јужна Кореја, потврди американската војска. Ова е трет пат американски борбен авион да се урне во оваа област за помалку од една година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пилотот на авионот се катапултирал од авионот кој паднал во водата кај брегот  на Гунсан во Јужна Кореја, во близина на американската воздухопловна база Кунсан, пренесува агенцијата Јонхап. Пилотот брзо бил извлечен од водата и бил префрлен во болница на проценка.

„Информациите за причините на вонредната ситуација за време на летот нема да бидат достапни до заклучувањето на деталните безбедносни истраги“, кажа полковникот Метју Гетки, командант на Осмото борбено крило. „Сега фокусот ќе го префрлиме на потрагата и извлекувањето на леталото“, се додава во соопштението.

Еден Ф-16 падна над Жолто Море за време на вежба во декември. Тој авион исто така бил распореден во „Кусан“, како дел од американското Осмо борбено крило.

Во мај уште еден Ф-16 се урна во близина на воздухопловната база „Осан“ на северозападот на Јужна Кореја. Беше соопштено дека пилотот учествувал во рутинска обука за време на несреќата и дека безбедно се катапултирал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ