понеделник, 21 октомври 2024

Американски дронови надлетуваат над Газа

Соединетите Држави со дронови за надзор летаат над Газа во потрага по заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври при нападот на Израел, изјавија двајца претставници на Министерството за одбрана за Њујорк Тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Официјалните лица рекоа дека беспилотните летала се користат за да помогнат во напорите за пронаоѓање на заложниците, што покажува дека САД се повеќе вклучени отколку што беше познато.

Авионите Ем-Кју-9 Риперс управувани од американските Сили за специјални операции првпат биле забележани во саботата на Флајтрадар24, јавно достапна веб-страница за следење летови, иако официјални лица од Пентагон велат дека авионите биле активни во областа уште во деновите по ненадејниот напад врз Израел од страна на Хамас на 7 октомври.

Додека Израел често врши извидувачки летови над Газа, американските одбранбени претставници рекоа дека се верува дека тоа е првпат американски дронови да летаат мисии над Газа.

Летовите се одвиваат во критичен момент. Израел е во рана фаза на копнена инвазија во Газа и вели дека Хамас држи повеќе од 240 заложници, од кои 10 се верува дека се Американци.

Американските власти рекоа дека десетте Американци за кои сѐ уште не се знае каде се, може да се меѓу заложниците во Газа, каде што се верува дека се држени во Хамасовата мрежа на тунели. Израелските сили вчера ја опколија Газа, главниот град во Појасот Газа, напаѓајќи го Хамас, кој возвраќа со напади од подземните тунели.

Градот на северот на Газа стана цел на нападите на Израел, кој вети дека ќе ја уништи командната структура на исламистичката група и им порача на цивилите да бегаат на југ. На 7 октомври, борците на Хамас извршија ненадеен напад врз Израел во кој загинаа 1.400 луѓе, главно цивили, тврдат израелските власти.

Израел возврати со бомбардирање и копнена офанзива врз малата палестинска енклава во која живеат 2,3 милиони луѓе, при што во тие напади загинаа најмалку 9.061 лице, според здравствените власти во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ