Пилотот на борбениот авион Ф-16 успеал да се катапултира, по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу корејскиот полуостров и Кина, соопшти УСФК. Пилотот е во стабилна состојба.
Авионот полетал во понеделникот од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Причината за несреќата се истражува, а засега се знае дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.
28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.