сабота, 19 октомври 2024

Американски борбен авион Ф-16 се урна над Жолтото Море

Американски борбен авион се урна за време на тренинг лет над Жолтото Море, објавија во понеделникот американските сили во Јужна Кореја (УСФК).

Објавено на

часот

Сподели

Пилотот на борбениот авион Ф-16 успеал да се катапултира, по што јужнокорејската морнарица го извлекла од морето меѓу корејскиот полуостров и Кина, соопшти УСФК. Пилотот е во стабилна состојба.

Авионот полетал во понеделникот од американската воздушна база во Гунсан, во западна Јужна Кореја. Причината за несреќата се истражува, а засега се знае дека за време на летот дошло до вонредна ситуација.

28.500 американски војници се стационирани во Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ