сабота, 19 октомври 2024

Американска конгресменка прашува дали оржјето кое го користи Хамас дошло од Украина и Авганистан

Американската конгресменка Мерџори Тејлор Грин се сомнева дека американското оружје кое го користи Хамас дошло од Авганистан и Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„Треба заедно со Израел да ги побараме сериските броеви на своето американско оружје кое го користи Хамас против Израелците“, напиша таа на Икс (Твитер).

Хамас, како што се сомнева таа, најверојатно дошле до американското оружје и од Авганистан и од Украина.

Вчера на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат припадници на Хамас вооружени со украински противтенковски фрлачи на гранати и МАНПАДС во близина на Ашкелон во Израел.

Израелските војници, како што соопшти Израел, нашле гаранти РПГ-7 во палестински камионет, а на нив имало ознаки на украинска единици од Закарпатската област.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ