петок, 18 октомври 2024

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија (ВИДЕО)

Американска бомба од Втората светска војна експлодираше на јапонски аеродром, која била закопана под патека што ја поврзува аеродромската зграда со пистата на аеродромот.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата остави голем кратер и доведе да се откажат повеќе од 80 летови, но нема повредени, соопштија јапонските власти.

Во моментот на експлозијата на аеродромот Мијазаки во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.

Видеото снимено од надзорната камера на воздухопловното училиште во близина покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.

Видео снимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на патеката, наводно, со дијаметар од околу 7 метри и длабочина од 1 метар.

Аеродромот Мијазаки бил изграден во 1943 година како полигон за обука на поранешната Јапонска царска морнарица, од која дел од пилотите камикази полетале во самоубиствени мисии.

Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.

Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ