недела, 20 октомври 2024

Американец мора да ѝ плати 1,2 милијарди долари на бившата поради одмаздничка порнографија

Објавено на

часот

Сподели

Жената кажала дека нејзиното поранешно момче објавува интимни фотографии од неа на интернет без нејзина согласност. Станува збор за фотографии направени од камери во куќата во која живеела жената, а тој ги објавил на лажни профили на социјалните мрежи. Во објавите ги означил пријателите, семејството и работодавците на жената, пишува Гардијан.

Отворил и веб-страница со јавно достапни документи на Дропбокс. Покрај тоа, испраќал и интимни фотографии од бившата по електронска пошта.

Мажот не се појавил на суд, не ангажирал адвокат ниту одговорил на судските покани. Адвокатите на жената побарале на нивната клиентка да ѝ биде исплатена отштета од 100 милиони долари. Тие за Вашингтон пост изјавиле дека полицијата не одговорила на повеќекратните пријави на жената за малтретирање од страна на нејзиното поранешно момче, што ја поттикнало да поднесе граѓанска тужба.

Од 2015 година, законот во Тексас го прогласи за кривично дело споделувањето интимен визуелен материјал без согласност од лицето и со намера да му наштети. Ова е познато како „одмаздничка порнографија“. Доколку сторителот на ваквото кривично дело биде прогласен за виновен на суд, може да биде казнет со затвор до една година и парична казна до 4.000 долари. Четириесет и осум американски држави имаат слични закони против одмаздничка порнографија, но не е јасно колку често се спроведуваат законите.

Во тужбата се наведува дека парот се разделил во 2021 година. Жената се вратила во округот Харис, кој го опфаќа Хјустон, за да живее со својата мајка. Нејзиното поранешно момче ги чувало информациите за најава на нејзината е-пошта и профилите на социјалните мрежи и добил пристап до системот на безбедносни камери од нејзината мајка. Така и ги добил нејзините интимни фотографии.

Кога ги објавувал фотографиите на интернет, мажот ги означувал пријателите и семејството, нејзиното работно место и теретаната. Адвокатите на жената изјавиле за Вашингтон пост дека вознемирувањето ја навело да размислува за самоубиство и дека ѝ било дијагностицирано Посттрауматско стресно нарушување.

„Благодарни сме што поротата зазеде силен став против грдото однесување на обвинетиот и против злоставувањето базирано на фотографии“, рече адвокатот Бредфорд Гилд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ