сабота, 19 октомври 2024

Американците испраќаат војници на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на воената вежба до 23 јуни американските војници на Косово ќе вежбаат одбрана од евентуален руски напад.

Како што наведува Балканската безбедносна мрежа, станува збор за вежба која треба да демонстрира кредибилна сила за одбрана на НАТО сојузниците од евентуален руски напад, а подготовките на КСБ се извршени во касарната „Адем Јашари“ во Приштина, во присуство на командантот Башким Јашари и министерот за одбрана на Косово Арменд Мехај.

„Многу повеќе од тесно и експлицитно воено значење, очигледно е дека на владата на Косово главна цел ѝ е афирмирањето на КСБ но и високото ниво на воено-политичките односи со своите главни сојузници – САД и НАТО. Како што е наведено во медиумите, за тие потреби КСБ во вежбата ќе користи два од вкупно трите баталјони кои ги има, што е проценето на 1.300 луѓе“, се наведува во соопштението.

Од американска страна, вежбата „Бранител на Европа 23“ претставува дел од проверката на способноста на НАТО да ги заштити сојузниците од проектирана руска инвазија, а за таа цел на територијата на Западен Балкан ќе биде префрлена единица од рангот на дивизија од САД.

„Проценката е дека Американците ќе употребат околу 9.000 припадници на своите оружени сили и дека во тоа вежбање конвенционален судир со Русија ќе бидат ангажирани уште околу 17.000 сојузнички војници низ Европа. Вежбата ќе трае нешто помалку од два месеци“, се наведува.

Претпоставка е дека во текот на вежбата ќе бидат користени искуства од актуелната војна во Украина, па ќе се стреми кон унапредување на капацитетите на артилеријата со долг дострел и противвоздушните сили.

Во таа смисла КСБ ќе имаа занемарлива улога бидејќи не располагаат со потребното вооружување, но затоа ќе бидат ангажирани капацитети на САД со повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, како и противвоздушни сили од Романија и Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ