петок, 25 октомври 2024

Американците тврдат дека пресретнале брод со иранско оружје наменето за Хутите

Централната команда на Соединетите Американски Држави (Центком) објави на социјалната мрежа Икс дека брод на американската Крајбрежна стража, привремено распореден во Арапско Море, запленил „напредно конвенционално оружје и друга смртоносна помош“ со потекло од Иран.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Оружјето било запленето на брод во Арапско Море, кој се движел кон Јемен кој е под контрола на исламистичките бунтовници Хути.

Во соопштението се наведува дека бродот на Крајбрежната стража Сентинел УСЦГЦ Кларенс Сутпин го лоцирал бродот, а американски војници се качиле на него. Откриени се повеќе од 200 пакети кои содржеле компоненти на балистички проектили од среден дострел, експлозиви, компоненти на беспилотни подводни и површински возила, воена комуникација и мрежна опрема, делови од лансери на противтенковски наведувани проектили и други воени компоненти.

Директно или индиректно снабдување, продажба или пренос на таква помош ја крши резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 2216, објави американската војска.

„Ова е уште еден пример за иранските активности во регионот“, кажа генералот Мајкл Курила, командантот на Цетком. „Нивното континуирано снабдување на Хутите со напредно конвенционално оружје е директно кршење на меѓународното право и продолжува да ја поткопува безбедноста на меѓународното пловење и слободниот проток на трговијата“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ