понеделник, 21 октомври 2024

Америка сака Кина да изврши притисок врз Иран и Хутите да престанат со нападите

Соединетите Држави побараа од Кина да го поттикне Техеран да ги заузда Хутите поврзани со Иран кои напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море, но засега нема знаци дека Пекинг помогнал, објави денеска Фајненшл тајмс, цитирајќи американски официјални претставници.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

САД го покренаа ова прашање неколку пати со највисоки кинески официјални претставници во текот на изминатите три месеци, се вели во извештајот.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и неговиот заменик Џон Финер разговараа за ова прашање на состаноците овој месец во Вашингтон со Лиу Џианчао, шеф на Одделот за меѓународни врски на Кинеската комунистичка партија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен исто така го покрена ова прашање со својот кинески колега, се вели во извештајот, додавајќи дека американските официјални лица сметаат дека Кина особено не се покажала во вршењето притисок врз Иран да ги заузда Хутите, настрана од благата изјава објавена од Пекинг минатата недела.

Претходно американската војска изврши напади во Јемен, при што беа уништени две противбродски ракети на Хутите кои биле насочени кон Црвеното Море и биле подготвени за лансирање.

Во понеделникот, американските и британските сили изведоа серија напади во Јемен, насочени кон подземно складиште на Хутите, како и на ракети и опрема за надзор што ги користи групата поврзана со Иран против бродовите во Црвеното Море.

Нападите на Хутите го нарушија глобалниот поморски транспорт и поттикнаа стравувања од глобална инфлација. Тие исто така ја продлабочија загриженоста дека последиците од војната меѓу Израел и Хамас може да го дестабилизираат Блискиот Исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ