петок, 25 октомври 2024

Америка им ги укинува ограничувањата на Украинците за напади на Русија

Соединетите Американски Држави го прошируваат договорот со Украина околу нападите на руска територија во ситуации кога руските сили дејствуваат на украински цели долж целата граница, а не само во Харковската област, како што беше претходно најавено.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен кажа дека договорот со Украина за борбено дејствување на Русија се протега секаде каде руските сили се обидуваат да извршат инвазија, пишува Си-ен-ен.

„Одредбата се проширува на секое место каде руските сили доаѓаат преку границата на украинска страна за да се обидат да заземат украинска територија“, кажа Саливен, додавајќи дека не станува збор за географија туку за здрав разум.

Портпаролот на Пентагон, мајорот Чарли Диц, кажа дека САД ѝ дозволуваат на Украина да го користи американското оружје на сите места на кои руските сили доаѓаат за да се обидат да заземат украинска територија.

„Ако Русија напаѓа или се подготвува да ја нападне Украина од своја територија, има смисла да ѝ се дозволи на Украина да им го возврати ударот на напаѓачите“, кажа Диц.

Промената означува значително поместување во ограничената природа на договорот меѓу САД и Украина. Претседателот Џо Бајден ѝ даде на Украина во мај дозвола за извршување ограничени напади на Русија со американско оружје, но ја ограничи главно на Харковската област откако руските сили таму почнаа офанзива.

Минатата недела висок функционер на американското министерство за одбрана ја остави отворена вратата за промена на политиката, кажувајќи во седиштето на НАТО во Брисел дека постојат „низа области’ за кои САД дале зелено светло.

„Ако погледнете наназад на текот на конфликтот, ќе видите бројни подрачја во кои не сме биле спремни нешто да направиме, а потоа сепак сме го направиле. Значи Ф-16, АТАКМС, ДПИЦМС… Постои постојан разговор и преиспитување на одговорите и мислам дека тоа е здраво. Затоа никогаш не кажувај никогаш“, кажа американскиот функционер.

САД објавија дека Украина може да ги употребува американските системи за противвоздушна одбрана за гаѓање руски авиони и во рускиот воздушен простор ако се подготвуваат да го нападнат украинскиот воздушен простор.

„Никогаш немало ограничувања за Украинците во уривањето на непријателските авиони, дури и ако тие авиони не се во украинскиот воздушен простор“, кажа портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби. „Значи, можат да гаѓаат руски авиони кои претставуваат непосредна закана. Ја имаат таа можност од почетокот на војната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ