петок, 25 октомври 2024

Америка и Јордан заедно во акција за Газа: Испорачани 11.500 оброци по воздушен пат

САД и Јордан денеска по воздушен пат испорачаа нов пакет хуманитарна помош од повеќе од 11.500 оброци во Појасот Газа, соопшти американската војска.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американската централна команда (Центком) соопшти дека најновата помош била фрлена со падобрани над северниот дел на Појасот Газа и вклучувала ориз, брашно, тестенини и конзервирана храна.

Во текот на овој месец, САД испорачале 135.000 оброци во Појасот Газа по воздушен пат, според податоците на Пентагон, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ нареди на американската војска да изгради привремен пристанишен систем за добивање помош на медитеранскиот брег на Појасот Газа.

Пентагон во петокот соопшти дека може да потрае до 60 дена додека не се изгради привремениот систем на пристаништа.

Хуманитарните организации велат дека тоа е предолго за Палестинците кои се во непосредна опасност од глад. Со израелската офанзива во Појасот Газа се раселени повеќето од 2,3 милиони жители на енклавата, кои се соочуваат со недостиг од храна, вода и лекови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ