сабота, 19 октомври 2024

Амбасадорот на САД во Белград: Сега е времето да се формира Заедница на српски општини на Косово

Објавено на

часот

Сподели

„Сите посредници велат што побрзо толку подобро“, кажа Хил, истакнувајќи дека е „крајно време ЗСО да стане реалност“, откако Приштина ја презема таа обврска со Бриселскиот договор, постигнат со посредување на Европската Унија во април 2013.

„Она во што можам да ве уверам е дека нема да се откажеме додека тоа не се случи“, кажа амбасадорот на САД кои го поддржуваат европскиот план за нормализација на односите на Белград и Приштина.

Официјален Белград инсистира токму на формирањето на ЗСО како почетна точка за понатамошната имплементација на европскиот план, со кој лидерите на Србија и Косово се согласија во Брисел во април а потоа го договорија и анексот на договорот во Охрид во март.

Хил истакна дека постојат две причини за ЗСО – првата е народот на Косово да биде сигурен дека таа асоцијација ќе биде формирана, а вториот дека српската заедница мора да знае каква иднина ја чека. Затоа САД таа обврска на Приштина ја земаат со „крајна сериозност“, порача Хил.

Американскиот дипломат истакна дека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак и американскиот претставник Габриел Ескобар кажаа дека тоа е „врвен приоритет“.

Приштина одбива да ја формира ЗСО бидејќи не сака да ѝ даде извршни овластувања на асоцијацијата на 10 општини на Косово во кои Србите се мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ