петок, 25 октомври 2024

Амбасадата на САД предупреди на неизбежен напад во Москва од „екстремисти“

Амбасадата на САД во Русија предупреди дека „екстремисти“ имаат сигурни планови за напад во Москва, неколку часа откако руските безбедносни служби соопштија дека спречиле планирано пукање во синагога од страна на ќелија од авганистанскиот разгранок на Исламска држава.

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадата, која постојано ги повикува сите граѓани на САД веднаш да ја напуштат Русија, не даде дополнителни детали за природата на заканата, но рече дека луѓето треба да избегнуваат концерти и гужви и да бидат претпазливи, пренесе Ројтерс.

„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучувајќи концерти, а граѓаните на САД треба да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, објави амбасадата на својата веб-страница.

Таа го издаде своето предупредување неколку часа откако руската Федерална служба за безбедност, главниот наследник на КГБ од советско време, соопшти дека спречила напад врз синагога во Москва од страна на ќелија на милитантната сунитска муслиманска група Исламска држава.

Не е јасно дали двете соопштенија се поврзани.

ФСБ соопшти дека ќелија на Исламска држава оперира во рускиот регион Калуга како дел од авганистанскиот разгранок на групата, кој е познат како ИСИС-Хорасан, и сака да создаде калифат низ Авганистан, Пакистан, Туркменистан, Таџикистан, Узбекистан и Иран.

Ќелијата „се подготвувала да ги нападне членовите на синагогата користејќи огнено оружје“, соопшти ФСБ.

Кога биле откриени, милитантите им дале отпор на руските специјални сили и биле „неутрализирани“ со возвратен оган, се вели во извештајот.

„Огнено оружје, муниција, како и компоненти за производство на импровизирана експлозивна направа беа пронајдени и запленети“, соопшти ФСБ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ