сабота, 19 октомври 2024

Алжирскиот режим врши репресија врз граѓанското општество

Откако воениот режим во Алжир се промени, под новото владеење на генералот Ченгриха и неговата цивилна марионета претседателот Тебуне, земјата затвори голем број мирни дисиденти и наметна затемнување на меѓународните медиуми, на тој начин спречувајќи го слободното известување за лошите економски и социјални услови во земјата, јавуваат медиумите.

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето независни новинари или беа принудени на егзил или беа затворени под лажни обвиненија за тероризам, поткопување на државната безбедност и соработка со странски влади.

Режимот на Ченгриха-Тебуне ја искористи ковид пандемијата за да ја притисне опозицијата, испраќајќи во затвор илјадници активисти и менувајќи го кривичниот законик со цел мирните противници, како на пример групата за независност МАК или умерените исламисти од Рашад, да ги претстави како терористи.

Секој ден Националниот комитет за ослободување на затворениците – создаден во 2019 година за следење на политички мотивираните притвори – објавува нови апсења, судења, ослободувања и судски постапки.

Според Заки Ханаш, активист за човекови права, бројот на затвореници за слобода на говор кои моментално се во затвор под обвинение за „тероризам“ е најмалку 228.

Мери Лолор, специјалниот известувач на ОН за бранителите на човековите права, ја изрази својата загриженост во врска со извештаите за скорешното притворање на Фалех Хамуди и Заки Ханаче, и ги повика властите веднаш и безусловно да ги ослободат.

d

„Добивам заштрашувачки извештаи за затворањето на алжирските бранители на човекови права, Фалех Хамуди и Заки Ханаче, и ги повикувам властите итно и безусловно да ги ослободат“.

Таа исто така изрази и загриженост за зголемената репресија врз граѓанското општество од страна на алжирските власти, по распуштањето на две од најважните здруженија за човекови права – Алжирската лига за одбрана на човековите права и Младинскиот акционен собир.

Одлуката за распуштање на овие две важни здруженија за човекови права демонстрира алармантна репресија на граѓанските организации и сериозно ја поткопува можноста за здружување на бранителите на човековите права, нивното слободно изразување, како и можноста да ги извршуваат своите легитимни активности, изјави Лолор за вестите на веб-страната на Обединетите нации.

Лолор оваа недела ја започнува десетдневната посета на Алжир.  За време на посетата таа ќе се сретне со владини претставници, со Националниот совет за човекови права, со членови на граѓанското општество, бранителите на човекови права, адвокати, новинари, академици и други релевантни чинители.

Во оваа прилика, 12 невладини организации, меѓу кои и Светската организација против тортура, ја повикаа г-ѓа Лолор да се фокусира на кампањата на вознемирување и заплашување, насочена кон бранителите на човековите права. Имено, стотици милитанти и новинари беа фрлени во затвор исклучиво поради остварување на правата на слобода на говорот, здружување и мирно собирање. Невладиниот сектор како пример го наведе случајот со репресалиите против Ахмед Мансери, претседателот на Алжирската лига за одбрана на човековите права во Тијарет. Тој беше уапсен на 8 октомври 2023 година и осуден на една година затвор под лажни обвиненија за ширење документи кои му штетат на националниот интерес, поттикнување на невооружено собирање и напад на интегритетот на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ