вторник, 22 октомври 2024

Алжирски новинари беа притворени поради интервјуа во кои критикуваа министер

Двајца алжирски новинари добија мерка притвор откако емитуваа интервјуа во кои критикуваа министер, соопшти во петокот Националниот комитет за ослободување на затворениците. „Директорот на Алжир Скуп, Омар Ферхат, и неговата главна уредничка, Софијана Гирус, во четвртокот беа притворени“, се вели во соопштението кое Националниот комитетот го објави на Фејсбук.

 

Објавено на

часот

Сподели

Веб-страницата објави интервјуа со претприемачи кои го критикуваа алжирскиот министер за професионална обука Јакине Мераби, а подоцна истите ги избриша.

Соговорниците го обвинија министерот дека ги „маргинализирал“ на официјален настан кој се одржал во средата во главниот град.

Двајцата новинари беа обвинети за „поттикнување и ширење говор на омраза“, соопшти Националниот комитетот, додека трет новинар кој работи во истиот медиум бил ставен под судски надзор, додаде групата за права.

Во моментов неколку новинари се затворени во Алжир, држава која во Светскиот индекс за слобода на печатот на Репортери без граници е рангирана на 139 место од 180 земји и територии.

„Независните медиуми се под притисок, новинарите често се затвораат и гонат, а неколку веб-страници се блокирани“, се вели во овогодинешниот извештај на Репортери без граници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ