сабота, 19 октомври 2024

Алкараз во пет сета го победи Зверев и првпат го освои Ролан Гарос

Карлос Алкараз ја освои својата трета грен-слем титула, прва на Ролан Гарос откако со 3-2 (6-3, 2-6, 5-7, 6-1, 6-2) го совлада Александар Зверев.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз е новиот победник на Ролан Гарос, шпанскиот тениски ас покажа зошто го сметаат за наследник на Рафаел Надал.

Шпанецот подобро го почна мечот, го доби првиот сет со 6-3, а потоа одговори Зверев добивајќи ги следните два сета со 6-2 и 7-5.

Алкараз го крена нивото, ја зголеми концентрацијата, Зверев почна повеќе да греши, следните два сета убедливо му припаднаа на Шпанецот со 6-1 и 6-2 за победа од 3-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ