понеделник, 21 октомври 2024

Алкараз лошо почна, но добро заврши, победа над Пол за полуфинале на Вимблдон

Карлос Алкараз со 3-1 во сетови го совлада Томи Пол и се пласира во полуфиналето на Вимблдон каде ќе игра против Данил Медведев.

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот тенисер одлично го стартуваше мечот, го доби првиот сет со 7-5 и поведе со 1-0. Пол почна добро и во вториот сет, зема брејк за водство од 2-0, но тогаш почна да се крева Алкараз, направи ри-брејк и заигра на своето ниво.

Алкараз го доби вториот сет со 6-4, а следните два изгледаа рутински за него, ги доби со 6-2 и 6-2 и победи со 3-1 во сетови.

Во полуфиналето Шпанецот ќе игра против Данил Медведев кој претходно го совлада Синер со 3-2 во сетови.

Утре на програмата се двете преостанати четвртфинални двојки Мусети – Фриц и Ѓоковиќ Де Минор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ