сабота, 19 октомври 2024

Алкараз лесно го помина Монфис, Димитров загуби само еден гејм за осминафинале

Првиот носител во Мајами, Карлос Алкараз сигурно чекори во турнирот, во два сета без проблеми го победи Монфис и се пласираше во осминафиналето, таму ќе игра и Димитров кој загуби само еден гејм против Ханфман.

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз го доби првиот сет со 6-2, во вториот беше подобар со 6-4 за триумф од 2-0 во сетови против Монфис.

Шпанскиот тенисер во осминафиналето ќе игра против Мусети кој со 2-0 го совлада Шелтон.

Импресивна партија имаше Григор Димитров кој загуби само еден гејм од Германецот Ханфман. Првиот сет го доби со 6-1, во вториот беше перфектен со 6-0.

Димитров во осминафиналето ќе игра против Хуркач кој со 2-1 беше подобар од Корда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ