сабота, 19 октомври 2024

Алкараз и Синер без проблеми, Зверев со пресврт до четвртфинале на Индијан Велс

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфинале на турнирот во Индијан Велс, место меѓу осумте најдобри обезбедија и Александер Зверев и Јаник Синер.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфинале на турнирот во Индијан Велс, откако славеше против Фабијан Марешан со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-3 за 77 минути.

Алкараз беше сигурен на свој сервис во двата сета, а притоа двапати направи брејк во првиот сет и уште еден во вториот со што ја обезбеди победата.

Шпанецот притоа ја оствари јубилејната 50. победа на Мастерс 1000 турнирите и стана втор тенисер во историјата кој успеал да оствари такво нешто пред да наполни 21 година.

Противник на Алкараз ќе биде Зверев кој со пресврт го победи Де Минаур.

Алкараз беше сигурен на свој сервис во двата сета, а притоа двапати направи брејк во првиот сет и уште еден во вториот со што ја обезбеди победата.

Шпанецот притоа ја оствари јубилејната 50. победа на Мастерс 1000 турнирите и стана втор тенисер во историјата кој успеал да оствари такво нешто пред да наполни 21 година.

Чехот, Лечека направи изненадување откако го елиминираше Циципас со 2-0 во сетови, беше 6-2 и 6-4.

Следниот предизвик ќе му биде потежок, ќе игра против Синер кој го совлада Шелтон со 7-6 и 6-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ