Алиоски дефинитивно заврши со Фенербахче, Македонецот во Турција не се снајде најдобро, па по едногодишната позајмица кариерата ќе ја продолжи на друго место.
Последните информации велат дека веројатно ќе се врати во Ал Ахли кој експресно се врати во најдобрата лига на Саудиска Арабија.
Цената на европскиот пазар за Алиоски е падната за разлика од времето кога играше во Лидс, па веројатно висока плата може да обезбеди само во Саудиска Арабија каде остави одличен впечаток во својата прва сезона таму.
Покрај Алиоски, Македонија во Саудиска Арабија има уште двајца репрезентативци, Дарко Велковски во Ал Етифак и Александар Трајковски во Ал Фејха.