Македонскиот репрезентативец, Исник Алими вели знаеме што да направиме и мора да одиме на победа.
„Сега повеќе не се пријателски натпревари, ова е Лига на Нации и мораме да победиме. Знаеме што треба да правиме на теренот, ќе биде тешко, нема лесни противници. Наша цел се трите бода и тоа е се што не интересира. Имаме добри фудбалери кои играат во силни лиги, одиме таму да ја играме нашата игра и да победиме. Не е исто како кога играте против големи репрезентации, играат затворено и колку побрзо постигнеме гол, толку полесно ќе биде за нас“, изјави Алими.