вторник, 22 октомври 2024

Алијанса за Албанците ги одреди замениците министри за одбрана и за земјоделство

Раководството на Алијансата за Албанците, (крилото предводено од Арбен Таравари)  едногласно ги избра кандидатите за заменици министри во новата Влада, кои ќе треба да ги изгласа Собранието на Македонија. Елфете Исмаили е кандидат за заменик министер за одбрана, а Флакрон Беџети, кандидат за заменик министер за земјоделство.

Објавено на

часот

Сподели

„Во дискусијата беше истакнато дека избраните членови на АА во идната влада во рамките на коалицијата Вреди ќе ја одразуваат долгоочекуваната промена, ќе бидат на чело на своите должности и во служба на граѓаните и во одбрана на нивните интереси.

Борбата против криминалот и корупцијата, европскиот пат на земјата и економскиот раст и благосостојбата на граѓаните се основните столбови на идната влада“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ