недела, 24 ноември 2024

Алијанса за Албанците: Лимани министер, а неговиот брат директор

Непотизмот и конфликтот на интереси сѐ повеќе стануваат синоним за нелегитимната коалиција Вреди и нејзините функционери. Братот на Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади, Дашмир Лимани, продолжува да биде директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево. Оваа ситуација претставува конфликт на интереси и е отворено кршење на законот, се вели во денешното соопштение на Алијанса за Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата како и Јавното обвинителство да ја испитаат и разрешат оваа состојба бидејќи министерот Лимани не постапувал речиси три месеци од преземањето на функцијата, а двајцата браќа продолжуваат да ги извршуваат двете функции.

Покрај флагрантното прекршување на законот, ова ја докажува и дволичноста на албанските партии кои влегоа во Владата без легитимитет и нивните лажни ветувања за правично и транспарентно владеење. Ова ги потврдува нашите предупредувања дека нивниот влез во Владата е само за тесни партиски, семејни и лични интереси“, соопшти Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ