вторник, 22 октомври 2024

Алекса Аврамовиќ од Партизан се сели во ЦСКА Москва

Кошаркарскиот репрезентативец на Србија, Алекса Аврамовиќ во наредната сезона ќе настапува за ЦСКА Москва.

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата ја потврди менаџерот на Аврамовиќ Мишко Ражнатовиќ на својот Твитер профил.

„Алекса Аврамовиќ во наредната сезона ќе игра за ЦСКА Москва“, објави Ражнатовиќ.

Аврамовиќ во Партизан помина три сезони и стана вистински миленик на навивачите, но со црно-белите освои само еден трофеј и тоа во АБА лигата.

Иако се шпекулираше дека може да се пресели во НБА по одличните настапи на Олимписките игри, сепак на крајот заврши во Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ