сабота, 19 октомври 2024

Албанскиот премиер Рама на балканска турнеја, прва станица Скопје

Објавено на

часот

Сподели

В четврток наутро премиерот  Рама ќе пристигне во Скопје. Тоа е неговата прва од петте станици, во земји од Западен Балкан кои не се дел од Европската Унија,  што ќе ги посети за два дена.

Во Скопје, Рама ќе има средба со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

По Скопје, Рама ќе замине за Приштина каде се очекува да се сретне со премиерот Албин Курти.

Средбата со Курти се случува во моменти кога односите на двајцата премиери се наоѓаат на најкритичната точка откако Рама застана на страна на Западот, барајќи од Курти  да направи чекори назад и да создаде асоцијација на општини со мнозинско српско население на север, додаваат медиумите.

В петок Рама ќе отпатува за Белград, каде треба да се сретне со претседателот Александар Вучиќ.

Ќе ги посети и Црна Гора и Босна и Херцеговина за да разговара со тамошните премиери за ситуацијата во регионот особено во контекст на тензиите меѓу Србија и Косово.

Рама деновиве изјави дека „Отворен Балкан“ ја завршил својата мисија и оти сега 6-те земји ќе ги продолжат своите напори под единствениот чадор што ги зближува сите.

Следниот состанок на Берлинскиот процес ќе се одржи во октомври во Тирана

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ