вторник, 22 октомври 2024

Активисти ги полеаја Шпанските скали во Рим со црвена боја (ВИДЕО)

Активисти за правата на жените денеска во знак на протест против фемицидот ги полеаја надалеку познатите Шпански скали во Рим со црвена боја, која симболично ја претставува крвта на жртвите на насилство.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на движењето „Бручамо туто“ (Ајде да изгориме сè) истурија кофи со црвена боја врз една од главните туристички атракции во Вечниот град и оставија отпечатоци од дланките на нив.

„Ова е симболичен приказ на крвта на сите луѓе кои се убиени. Ова повеќе нема да го прифаќаме. Ова мора веднаш да престане“, рече еден од активистите пред да биде одведен од полицијата.

Активистите тврдат дека се работи за боја која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали овековечена во филмот „Празник во Рим“ со Одри Хепберн.

Националното биро за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривичното дело се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се други роднини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ