вторник, 22 октомври 2024

Акропол повторно затворен, температурите во Грција над 40 степени

Властите во Грција денес го затворија археолошкиот локалитет Акропол, бидејќи земјата ја зафати првиот топлотен бран оваа сезона.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за култура соопшти дека цитаделата на врвот на ридот, кое е најпопуларното античко место во Грција, поради жештините ќе биде затворена од пладне до 17 часот. Сите останати археолошки наоѓалишта во грчката престолнина исто така ќе бидат затворени во тие часови.

Метеоролозите објавија дека температурите денес надминале 40 Целзиусови степени и во поголемиот дел на централна и јужна Грција, вклучувајќи ги Атина и Крит. Поради таквата прогноза министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас кажа дека постои ризок од пожари поради комбинацијата на високи температури и ветер.

„Раниот почеток на топлотните бранови, во комбинација со сушната зима, доведе до многу тешка сезона на пожари“, кажа тој.

Властите во Атина обезбедија климатизирани простори во средните училишта во кои се одржуваат завршните испити и приемните на факултетите. Пад на температурите се очекува од сабота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ