сабота, 19 октомври 2024
Од денеска, па во наредните пет дена во општината

Ако сте жител на Кисела Вода, а сте купиле дрва од април до денес може да земете субвенции

Од денеска, па во наредните пет дена жителите на општина Кисела Вода кои набавиле огревно дрво во периодот од први април годинава до денеска, можат да аплицираат за субвенции. Паричниот надомест што ќе го добијат граѓаните е 500 денари со вклучен персонален данок за секој купен метар кубен дрва за огрев, но најмногу до 10 кубни метри дрва или по 350 денари со вклучен персонален данок за секој купен метар просторен дрва, до максимална вкупна количина до 14 метри просторни. 

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, барањaта за субвенционирање и доказот за оствареното купување во форма на потврда, испратница и другите потребни документи, се поднесуваат во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката.

„Архивата на општина Кисела Вода примените барања ќе ги евидентира со точно време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат и прифаќаат барањата на база ‘прв дојден – прв услужен’ сѐ до исполнувањето на предвидените финансиски средства од 1.200 000 денари со вклучен персонален данок“, вели Ѓорѓиевски.

Тој додава дека Општина Кисела Вода преку најразлични субвенции ги помага своите жители.

„Покрај субвенциите за огревно дрво, веќе обезбедивме финансиска поддршка и за печки за пелети, за пелети како енергенс, за кофинансирање при набавка на термоизолациони материјали за реконструкција на фасади на станбени згради, како и за поправка и санација на постоечки лифтови во станбени згради на подрачјето на општината“, информира градоначалникот.

Целокупната потребна документација и критериумите за добивање субвенции се достапни на општинската веб-страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ