вторник, 23 јули 2024

Ако нема плата има ѓубре, во Тетово такви се последиците од штрајкот

Објавено на

часот

Сподели

„Три дена по ред доаѓаме во кругот на Комунална хигиена кај населбата Теќе и не одиме на терен, седиме тука и штрајкуваме. Вака ќе биде како што најавивме на првиот ден сè додека нема исплата на заостанатите плати и придонеси. До тогаш нема да се собира сметот. Во контакт сме и со дирекцијата и со претставници на словенечката компанија која треба да не преземе. Од Словенците добивме ветување дека за работата во декември плата редовно ќе се исплати во јануари. Останува на општината и дирекција да ги исплатат заостанатите плати“, информираа работниците од Комунална хигиена.

По почнувањето на штрајкот во вторникот, Општина Тетово испрати допис до медиумите во кој образложија дека ќе обезбедат исплата на заостанатите плати. Според нив, формирањето на две нови комунални претпријатија и соработката со словенечката фирма преку јавно приватно партнерство е начинот на кој ќе се обезбеди трајно решение.

На почетокот на ноември општина Тетово потпиша договор со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер за јавно приватно партнерство со кој на фирмата и се отстапува стопанисувањето со отпадот.

И во декември 2022 работниците на Комунална хигиена штрајкуваа и не работеа поради доцнењето на платите. Тогаш Општина Тетово префрли пари на сметка на комунално претпријатие за да се исплатат неисплатените плати и придонеси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ