вторник, 22 октомври 2024

АИ кандидат на изборите во Британија (ВИДЕО)

Гласачите на еден англиски град ќе можат да гласаат на изборите следниот месец за кандидат кого го генерирала вештачка интелигенција (АИ), веројатно првиот таков во светот.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Бизнисменот Стив Ендакот е еден од стотиците кандидати за британскиот парламент на изборите на 4 јули, но лицето на неговиот предизборен леток не е фотографија на 59-годишникот, туку аватар генериран од вештачка интелигенција.

„Формираме партија и по овие избори низ земјата ќе регрутираме нови кандидати на вештачката интелигенција, а ова го гледаме само како почеток, камен темелник за нешто големо и демократско“, изјави Ендакот за Ројтерс.

Ендакот, чија компанијаНурал војс е одговорна за неговото АИ алтер его, кажа дека фрустрацијата со „стандардната политика“ го поттикнала да се кандидира како независен кандидат во Брајтон на југот на Англија.

„АИ Стив“, како што ќе пишува на гласачките ливчиња, во реално време разговара со мештаните во својата изборна единица за станбените и комуналните прашања, правата ма ЛГБТ лицата и миграцијата. Потоа предлага идеи за можни политики и бара нивни предлози.

„Ја користиме вештачката интелигенција во толку области, на работа, во социјалните интеракции. Зошто да не ја ставиме во политиката“, вели 23-годишната хуманитарка Еона Џонстон откако го запознала „АИ Стив“ во близина на познатото пристаниште во Брајтон. „Тоа може да го смени начинот на кој живееме“.

Британската изборна комисија, на прашањето за тоа што ќе се случи ако „АИ Стив“ победи на изборите, одговорила дека Ендакот ќе биде пратеник во парламентот, а не некоја негова АИ верзија, пренесува Ројтерс.

Меѓутоа, се чини дека повеќето, сепак, сè уште не се спремни да гласаат за кандидат на вештачката интелигенција.

Џим Чик, 37-годишен сметководител од Брајтон, истакна дека пратениците во парламентот мора да ги застапуваат луѓето од својата изборна единица.

„Вештачката интелигенција и политичарите имаат едно заедничко нешто – не може да им се верува“, вели 42-годишниот Енди Клосон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ