сабота, 19 октомври 2024
Обраќање на лидерот на ДУИ

Ахмети: Утре е историски ден за Албанците и Македонците, избираме премиер Албанец

„Браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците, така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети во денешното обраќање oд седиштето на партијата, кое се емитуваше во живо преку Фејсбук.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред четири години од ова место ви се обратив со зборовите: „Сè има свој почеток. Сè започнува со еден сон”. Реков дека сите имаме свои сништа, за нашите деца, за себе, за државата. Верувам дека ќе се присетите кога истакнав дека ние, Албанците, сонувавме за слобода и еднаквост. Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртввуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне.

Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира.

Верував и во Охридскиот рамковен договор, Како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верував, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верувам и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи соединетите европски држави се мојот идеал за кој што работам секојдневно.

Браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците, така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди.

Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија. Благодарен сум што верувавте во нас, застанавте зад нашиот сон со вашата укажана доверба, таа ваша поддршка утре се наградува  со исполнето ветување и со уштр една  завршена работа, и со уште еден остварен сон.

На сите наши граѓани им го честитам ова достигнување и сигурен сум дека нашата земја станува посилна, порамноправна и пообединета. Но, ова не е крајот, ова е само почетокот, имаме уште многу работа и сништа за остварување.

Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат. И пред четири години, но и сега, истакнав дека ние знаевме како да се обединиме за заеднички цели, кога тоа е значајно и одлучувачки.
Она што ќе го направиме утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас.

Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво?

Токму затоа мора да се обединиме!

Овие процеси се поголеми од секој од нас, но во наши раце е да изградиме мостови и да го изградиме патот за остварување на соништата. Повторно велам, да ја засадиме иднината денес, за идните генерации да го жнеат успехот. Кога сме заедно, ние сме многу моќни.

Заедно го направивме првиот албански премиер, ајде заедно да ја направиме Европска Македонија, верувајќи дека соништата се остваруваат ако верувате и работите. Кога се осмеливме, успеавме, кога сонувавме, остварувавме, кога верувавме, работевме, кога ветивме, остваривме!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ