петок, 18 октомври 2024

Агенцијата за филм поднесе кривична пријава против „Банана филм“ на Милчо Манчевски

Објавено на

часот

Сподели

Донесено е решение за прекин на постапување и финансирање по проектите „Кајмак“ и „Биста“ на  „Банана филм“ сè до правосилно решавање на кривичната пријава.  

Инспекциски надзор на проектите „Мајки“ и „Врба“ извршило Министерството за култура. Инспекторот доставил информација и докази со предлог за проверка и од Управата за финансиска полиција. Според овластениот инспектор на Министерството за култура, утврдено било постоење на недоследности во  однос  на  доставување на финални извештаи за проектот „Мајки“. 

„За проектот ‘Мајки’ продукцијата до денес не доставила финален извештај за потрошени  55 милиони денари  како и за сите други дополнителни средства потрошени  за реализација на овој проект. Што  се  однесува  до  проектот ‘Врба’ во процес е проверка на фактот – пренос на повисоки износи на  средства  доделени на сметка  на правно лице во странство, што припаѓа на сопственикот на продукцијата ‘Банана филм’ – Скопје.

Сите иницирани постапки на Агенцијата за филм немаат намера да направат  блокада на работата на кој било автор, вклучително и сопственикот на продукцијата ‘Банана филм’, туку единствена цел е да се утврди  дали  постоело незаконско работење како и заштита на буџетските средства“, соопшти Агенцијата за филм.

„Банана филм“ е фирма на режисерот Милчо Манчевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ