вторник, 22 октомври 2024

Африм Гаши изрази сочувство по повод смртта на Стојан Андов

По повод смртта на првиот претседател на републичкото Собрание по осамостојувањето на државата, Стојан Андов, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до семејството Андов, како и до неговите колеги, пријатели и соработници, вели претседателот на Собранието и информира дека утре ќе биде организирана комеморативна седница.

Објавено на

часот

Сподели

„Стојан Андов засекогаш ќе остане запаметен како прв претседател на плуралистичкото Собрание, кој со право се смета за основоположник на новата парламентарна традиција кај нас.

Во знак на почит кон г. Андов утре ќе присуствувам на неговиот погреб, додека исто така утре, во 13 часот, во просториите на Собранието ќе организираме и комеморативна седница.

Нека  е вечен неговиот спомен!“, се вели во телеграмата од Гаши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ