вторник, 22 октомври 2024

Африканскиот куп на нации 2025 ќе се одржи во Мароко

Како признание на постигнатите успеси и постојаните напори на кралот Мохамед VI во развојот и напредокот на најгледаниот спорт во светот, Мароко ќе биде домаќин на два многу значајни фудбалски натпревари во Африка.

Објавено на

часот

Сподели

Конфедерацијата на африканскиот фудбал ги објави датумите на Африканскиот куп на нации 2025 – мажи и Африканскиот куп на нации 2024 – жени, два натпревари кои ќе ги донесат најдобрите фудбалски тимови и играчи на едно место во Африка.

Фактот што Мароко е домаќин на двата африкански купа на нации две години по ред ги одразува напорите на кралството во унапредувањето и развојот на „убавата игра“. Следејќи ги директните инструкции на кралот Мохамед VI, владата и институциите вклучени во овој спорт на национално ниво создадоа цврста структура за иднината.

„Уверен сум дека CAF TotalEnergies AFCON Morocco 2025 ќе биде исклучително успешен и веројатно најдобриот куп во историјата на ова натпреварување“, рече претседателот на Конфедерацијата на африканскиот фудбал, Патрис Моцепе. Импресиониран сум и од огромниот раст на женскиот фудбал во Африка и очекувам CAF TotalEnergies WAFCON Morocco 2024 да биде неизмерно успешен.

Претседателот исто така изрази благодарност до кралот на Мароко – Мохамед VI, до Мароканската фудбалска федерација (ФРМФ) и нејзиниот шеф Фузи Лекја, до Владата и народот на Мароко како домаќини на овие меѓународни турнири.

„Се надеваме дека CAF TotalEnergies AFCON Morocco 2025 ќе биде најдобриот настан во чест на Африка, а Мароко ќе ги обезбеди најдобрите услови како домаќин на останатите африкански земји и светот“, рече Лекја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ