понеделник, 21 октомври 2024

Аеродром во Нов Зеланд воведе временско ограничување за прегратки: За подолго збогување, користете го паркингот

Аеродромот Данедин предизвика контроверзии низ Нов Зеланд со новиот знак со кој се наметнува ограничување на прегратките од три минути во зоната на поаѓање.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Се додава, „за подолго збогување, користете го паркингот“, пренесува Си-ен-ен.

Некои коментатори на објавата на Фејсбук што стана вирална се огорчени за „временското ограничување за гушкање“, додека други се восхитуваат на тоа што аеродромот сè уште има простор за луѓето да се збогуваат, со оглед на општото зголемување на таксите и казните.

Извршниот директор на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, се осврна на ова прашање во интервју за новозеландската радио станица РНЗ.

Опишувајќи ги аеродромите како „емотивни жаришта“, тој посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика екслпозија на „хормонот на љубовта“ окситоцин и тврди дека брзото движење на патниците и нивните најблиски овозможува повеќе луѓе да примаат повеќе прегратки.

Паркингот на аеродромот Данедин, каде што Де Боно признава дека „нашиот тим виде интересни работи што се случуваат… со текот на годините“, ви овозможува бесплатно да го оставите таму автомобилот до 15 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ