недела, 24 ноември 2024
Прес-конференција на коалицијата Вреди

Aбази: Откриваме како Елми Азири oд Европскиот фронт добивал тендери од Државна лотарија

Фирмата Ритрон копи ДООЕЛ, тесно поврзана со пратеникот на Европскиот фронт Елми Азири, во текот на 2022 година во два наврата добила тендер за јавни набавки во Државна лотарија со вредност од околу 3 милиони денари, изјави денеска на прес-конференција Бујаре Абази. од коалицијата Вреди. Taa најави, како што рече, серија прес-конференција „за криминалите на т.н. Европски фронт во режија на Али Ахмети и Зијадин Села“.

Објавено на

часот

Сподели

„Артан Ајрули, внук на сопругата на Елми Азири, фигурира како сопственик на фирмата Ритрон копи ДООЕЛ увоз-извоз Куманово. Оваа фирма во текот на 2022 година, во само три месеци има добиено две јавни набавки во Државна лотарија, каде директор беше Прпарин Бајрами, десна рака на Артан Груби“, рече Абази.

Таа посочи дека набавките се однесуваат на компјутерска опрема, графички станици, извлекување лотарија и телевизори за инсталација на електронски игри.

„Вкупната вредност, на само овие две набавки преку Државна лотарија, заедно со анексите, изнесуваат околу 3 милиони денари“, истакна Абази.

Таа нагласи дека оваа скандалозна информација е директна потврда дека ДУИ, како што рече, владеела како криминална организација чии носители сметале дека политиката е можност за лично и семејно богатење.

„Погледнете ја иронијата. Кадрите на Зијадин Села и Али Ахмети, кои лажно се претставуваат како заштитници на граѓаните од коцкање, токму од ваквите бизниси имаат корист. Шефот на нивниот огранок од Боговина, Сафет Мифтари, беше уапсен за злосторничко организирање, за онлајн коцкање, а неговата фирма семејно поврзана со фирма на Елми Азири, добивала тендери од Државна лотарија“, рече Абази и додаде дека ќе очекува како челниците на Европскиот фронт сега ќе излезат пред граѓаните и ќе им го објаснат случајот на своето богатење, како што знаеја, како што додаде, да излезат и да ги уценуваат за гласови пред изборите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ