недела, 24 ноември 2024

АА: Министерот Лимани ги партизира институциите, да реагираат обвинителството и ДКСК

Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села смета дека по нивните реакции министерот за труд и социјална политика, Фатмир Лимани, кадар на Беса, решил од директорско место да го повлече својот брат, но затоа пак, како што е наведено во партиското соопштение, изјавил дека конкретната функција ќе ја преземе Демократско движење. Тоа е партизација, нагласуваат од Алијанса за Албанците и го повикаа обвинителството и ДКСК да реагираат.

Објавено на

часот

Сподели

„Изјавата на министерот Фатмир Лимани ги потврди сите наши сомнежи дека тој и коалицијата се посветени само на тесни групни и партиски интереси. Откако му беа потребни над два месеци по нашата реакција да го прифати непобитниот факт на непотизам, сакајќи да го покрие овој скандал, Лимани откри уште поголем скандал. Тој вети дека ќе го разреши неговиот брат од функцијата директор на Центарот за труд и социјална политика во Кичево, но истовремено најави дека оваа функција ќе му припадне на Демократско движење на Изет Меџити.

Ваквата најава претставува флагрантно кршење на законите како и целосна партизација на институцијата која би требало да биде независна, предводена од професионален, а не од партиски милитант. Министерот Фатмир Лимани со оваа изјава покажа дека Вреди без легитимитет влезе во Владата само за да ги зароби државните институции.

Ги повикуваме Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да отворат предмет за овој случај, а министерот Фатмир Лимани да поднесе оставка од функцијата поради тенденциите за партизација на еден многу чувствителен и важен сектор за граѓаните“, се вели во реакцијата на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ