Тој преку триминутно видео ја објави својата кандидатура за вториот претседателски мандат. Видеото почнува со еден збор – слобода.
Every generation has a moment where they have had to stand up for democracy. To stand up for their fundamental freedoms. I believe this is ours.
That’s why I’m running for reelection as President of the United States. Join us. Let’s finish the job. https://t.co/V9Mzpw8Sqy pic.twitter.com/Y4NXR6B8ly
— Joe Biden (@JoeBiden) April 25, 2023
Во своето претставување на кампањата, Бајден (80) вели дека правата на абортус, одбраната на демократијата, избирачките права и мрежата за социјална заштита ќе бидат меѓу најважните прашања на гласачкото ливче во 2024 година.
Тој вели дека гласачите ќе се соочат со избор на следната генерација да ѝ остават „повеќе или помалку слобода“ и „повеќе или помалку права“.
„Секоја генерација Американци се соочиле со момент кога морале да ја бранат демократијата, да се залагаат за нашите лични слободи и да се залагаат за нашето право на глас и нашите граѓански права. Ова е наше“, вели тој.
Слоганот на Бајден за изборите во 2024 година е: „Ајде да ја завршиме работата“.