вторник, 23 јули 2024

55 ветерници и струја за 100 илјади домаќинства, средба на Владата со компанијата Алказар енерџи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претставниците на Алказар енерџи за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македоија. Станува збор за ветерна фарма која ќе произведува еден терават струја или нешто над 20 отсто од вкупно произведената струја.

Објавено на

часот

Сподели

„Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард“, објави Владата соопштение за средбата на која присуствуваа и вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити.

Во тек е презентација на проектот каде говорат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и Даиел Калдерон, ко-основач и управувачки партнер на Алказар Енерџи.

Премиерот Мицкоски рече дека целта е Македонија од увозник, да стане извозник на струја. Рече дека инвестицијата тежи половина милијарда евра. Тој нагласи дека заради илустрација, ветерниот парк ќе произведува струја повеќе од ТЕ-ТО Скопје. Мицкоски нагласи дека не верува во чуда кои не се можни, но рече дека проектот и изводлив и дека тој има тим за енергетика кој е најдобар, како што нагласи, во регионот.

Ветерната фарма ќе се наоѓа во источниот дел од земјата помеѓу трите општини Карбинци, Штип и Радовиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ