Со помош на механизација на ЈКП Гази Баба се собра повеќе од 50 тони отпад кој беше во дворот на објектите.
Во текот на утрешниот ден ќе биде поднесена кривична пријава против едно лице кое спротивно на закон вршело различен вид на активности без за тоа да поседува соодветни дозволи за вршење на дејност, а согласно Законот за управување со отпад.
„Оваа акција следува по оддржани неколку состаноци во Владата на Република Македонија и претставува почеток на процесот кој ќе донесе трајно решение за проблемот со Ранка Милановиќ. Заедно со заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски направивме увид на локацијата. Изразувам јавна благодарност на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски за поддршката која ја даде за трајно решавање на овој проблем“, напипа Стефковски.